септември 30, 2024

Центарот за управување со кризи пренесува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера бил примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен. Жената била пронајдена почината утрово.

„Беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени. Во потрагата беа вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 07.30 часот е пронајдена жената во месноста „Ружен Камен“, но без знаци на живот. За извлекување на настраданата жена од тежок и не пристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина.“, соопшти ЦУК.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK