септември 30, 2024

Општина Гази Баба на 4 и 5 октомври ја организира големата музичка манифестација за храна, угостителство, туризам и култура „Вкусовите на Гази Баба“ на плоштадот во Автокоманда со почеток од 19:30 часот.

Од општината информираат дека за манифестацијата имаат подготвено богата музичка програма во која учество ќе земат естрадни уметници од Македонија и балканот.

На 4 октомври во петок на плоштадот во Автокоманда, скопјани ќе ги забавуваат Гоце Пејковски, Бојана Скендеровски, ДНК и познатиот српски Амадеус бенд.

Додека на 5 октомври во сабота, граѓаните ќе имаат можност да уживаат во настапот на Огнен Здравковски, Таско и балканската ѕвезда Хари Мата Хари.

Општина Гази Баба ги поканува сите граѓани на добра музика за сите генерации, ладно пиво и квалитетна храна.

The post Хари Мата Хари и Амадеус бенд следниот викенд на плоштад во Автокоманда appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK