ноември 23, 2024

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо сака во својот нов клуб Ал-Наср да го доведе својот поранешен соиграч од репрезентацијата и Реал Мадрид, Пепе, пренесува „Марка“.

Поранешниот играч на Реал Мадрид би сакал да се опкружи со некои свои пријатели, а еден од нив е Пепе. Шпанските медиуми пренесуваат дека Роналдо веќе разговарал за овој трансфер со раководството на новиот клуб.

Португалскиот дефанзивец во февруари ќе наполни 40 години, но на минатиот Мундијал покажа дека се уште е способен да игра врвен фудбал.

Пепе во досегашната кариера настапуваше за Маритимо, Порто, Реал Мадрид и Бешикташ. Во националниот дрес има одиграно 133 натпревари, на кои постигнал осум гола.

Во 2016 година со Португалија стана европски првак.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK