декември 27, 2024

Партнерката на Кристијано Роналдо Георгина Родригез се појави на модната недела во Париз. Таа присуствуваше на модната ревија на Vetements пролет/лето 2025 година. Големото внимание на нејзините фанови, но и на сите присутни го привлече нејзиниот фустан кој предизвика бројни реакции.

Црниот фустан ја следи линијата на телото и има спуштени прерамки, а изработен е од кадифеен материјал. Изгледот го заокружи со тенка висока потпетица и накит – раскошен дијамантски ѓердан, обетки и прстени.

Реакциите за фустанот беа поделени. „Изгледа како божица“, „Многу убава жена и секогаш со стил“, „Таа е легендарна“, напишаа обожавателите кои беа воодушевени од нејзиниот избор на фустан.

Сепак, имаше и такви на кои не им се допадна.

„Навистина ја сакам, но овде изгледа евтино“, „Знае само да го покаже своето тело и ништо друго“, „Ужасна облека, косата изгледа валкано“, напишаа тие.

The post Георгина Родригез прошета на црвениот тепих во Париз, луѓето пишуваат: „Изгледаш евтино“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK