декември 24, 2024

По повод Меѓународниот ден на старите лица градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја посети Донка Подунавац пензионерка од населбата Пролет и корисничка на проектот „Нега на стари лица во домашни услови”. Герасимовски и го врачи новото решение и поразговара со неа околу проектот и во кој дел истиот би можел да се надгради.

„Искрено сум многу среќен што слушам од ваша страна многу позитивни коментари за проектот и вклучените во него. Ова ни е дополнителен мотив да бараме начин да го подобриме и надградиме истиот со цел да опфатиме и поголем број на домаќинства на кои им е потребна помош. Морам да напоменам дека досега немаме ниедна поплака што причинува особено задоволство пред се затоа што излегуваме во пресрет на наши баби и дедовци кои се нераскинлив дека од нашите животи. Сакам да напоменам дека проектот има простор за уште 21 корисник и ги повикувам жителите со полни 62 години кои имаат потреба да аплицираат од 1 до 15 во месецот. Верувајте дека станува збор за проект кој е незаменлив за нашите повозрасни сограѓани”, потенцира Герасимовски.

Герасимовски информираше дека проектот вклучува 90 корисници жители на општината, а во моментов се пријавени 69 лица кои бесплатно во своите домови ги користат услугите од негувател или физиотерапевт и социјален работник. Притоа Герасимовски истакна дека заинтересираните жители кои сакаат да станат корисници на проектот не мора лично да доаѓаат во општината за да ги достават документите туку може општинска екипа да ги посети во домовите, да ги земе документите и пријави во име на жителите.

Инаку корисници на проектот може да бидат жители на Општина Центар кои се корисници на пензија или на социјална помош и кои немаат повисоки примања од 35 000 денари месечно. Притоа корисник на ова право може да биде само еден член на семејството освен ако се приложи извештај специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второ лице. Општина Центар напоменува дека корисник на овој проект не може да биде лице кое користи нега во домашни услови од друг субјект давател на иста услуга како Црвен Крст на Република Северна Македонија или друг субјект.

Заинтересираните граѓани подетални информации за проектот може да прочитаат на веб страната на општината https://www.centar.gov.mk/?p=22449.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK