ноември 22, 2024

„Претстои долг пат, со потребна реализација на многу реформи, но сега се работи за конкретна работа која е во тек на двете страни, Европската комисија и европските партнери и украинската страна“

Пристапувањето на Украина во Европската Унија секако е долг пат, изјави француската министерка за надворешни работи, Катрин Колона.

Колона во интервју за француската телевизија ЛШИ рече дека Советот на ЕУ во јуни ѝ додели на Украина кандидатски статус откако ја процени ситуацијата на земјата.

„Секако претстои долг пат, со потребна реализација на многу реформи, но сега се работи за конкретна работа која е во тек на двете страни, Европската комисија и европските партнери и украинската страна“, додаде таа.

Француската министерка, исто така, рече дека одлуката на Франција да испорача лесни борбени тенкови на Украина претставува знак на солидарност.

„Според Повелбата на Обединетите нации…, Украина има право да се брани себеси, а ние имаме должност да ѝ помогнеме. Зошто? Затоа што она што се случува во Украина не ги вклучува само Украинците, туку и стабилноста на европскиот континент. Војната се врати на европско тло“, рече шефицата на француската дипломатија.

Дека Франција ќе ѝ достави на Украина лесни борбени тенкови соопшти вчера француското Претседателство по телефонскиот разговор меѓу францускиот и украинскиот претседател.

Точниот датум и деталите за испорака на лесните борбени тенкови AMX 10-RC беа наведени во објавеното соопштение.

Во соопштението објавено во декември од страна на францускиот Парламент се наведува дека Украина побарала воена опрема, вклучително и тенкови „Леклер“.

Францускиот амбасадор во Украина, Етјен де Понсинс, изјави дека за таквите прашања „дијалогот се одвива директно меѓу двајцата претседатели“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK