декември 22, 2024

Манчестер сити го совлада Слован со 4:0 во Братислава во натпреварот од 2.коло од Лигата на шампионите. Тоа беше прва победа на избраниците на Пеп Гвардиола оваа сезона во најсилното европско фудбалско натпреварување, откако во првото коло одиграа 0:0 против Интер.

Избраниците на Пеп Гвардиола со триумфот на стадионот во престолнината на Словачка ја продолжија рекордната серија.

Сити ја подобри својата серија без пораз во натпреварите во Лигата на шампионите на 25. Серијата беше изградена на 17 победи и осум нерешени со што клубот го израмни рекордот од Купот на шампионите/Лигата на шампионите поставен од Манчестер јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон. Серијата на Јунајтед траеше од септември 2007 до мај 2009 година.

Последниот тим кој го победи Сити во 90 минути беше Реал Мадрид во полуфиналето на натпреварувањето во сезоната 2021/22. Шпанскиот тим тогаш славеше со 3:1.

Најдолги серии без пораз во натпреварите од Купот на шампионите/Лигата на шампионите:

25 натпревари – Манчестер сити (6 септември 2022 година – во тек)
25 натпревари – Манчестер јунајтед (19 септември 2007 – 5 мај 2009 година)
20 натпревари – Ајакс (2 октомври 1985 – 20 март 1996 година)
19 натпревари – Баерн (18 септември 2019 – 17 март 2021 година)
19 натпревари – Баерн (14 март 2001 – 2 април 2002 година)
17 натпревари – Црвена Звезда (07.09.1988 – 6.11.1991)..

The post „Граѓаните“ поставија рекорд во Лигата на шампионите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK