Харис Џиновиќ присуствуваше на закажаното рочиште со поранешната сопруга Мелина за поделба на имотот, а за српски Блиц се осврна на разводот, но не сакаше да коментира за судската постапка.
„Не одговарам ништо на таа тема. Ова е процедурално рочиште во врска со разводот. Бен Афлек двапати се разведуваше, зошто не би можел и јас да го направам тоа“, изјави пејачот.
На прашањето дали планира повторно да се жени, тој одговори: „Не верувам. Не знам зошто би. Разводите се слеваат од сите страни. Тоа е сосема неважно, сето тоа може да биде лесно. Такво е времето, тоа е она што луѓето го сакаат… Но јас не го копам по туѓите работи“.
Тој беше прашан и дали е повторно вљубен. „Ох, не. Таман работа да се заљубам на оваа возраст“, кратко изјави Харис.
Во март Харис се разведе од сопругата Мелина, со која има две деца.
The post Харис Џиновиќ: Бен Афлек се разведуваше двапати, зошто не би можел и јас appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде