ноември 22, 2024

Прекинот на огнот за војниците да го прослават православниот Божик официјално почна точно напладне по московско време, објави  руската државна телевизија.

Телевизијата наведе дека „денеска напладне на целата борбена линија стапи во сила режимот на прекин на огнот. Тој ќе трае до крајот на 7 јануари“.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт почнувајќи денеска на пладне.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и сојузниците тврдат дека примирјето е само игра на Путин.

Според Зеленски целта е да се запре напредувањето на украинските сили во Доњецк и поширокиот источен регион Донбас, а за време на примирјето да се внесат повеќе руски војници во Украина. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK