ноември 21, 2024

Откако Кристијано Роналдо се пресели во Ал Наср, светската јавност не престанува да зборува за овој трансфер. Славниот Португалец неодамна беше претставен како ново засилување, а на церемонијата на стадионот присуствуваа голем број навивачи.

Тоа беше голем ден за фудбалот во Саудиска Арабија и веројатно ќе остане запаметен како пресвртница за фудбалот во земјата.

@Cristiano contrató a dos excombatientes portugueses de Afganistán para cuidar a su familia, atemorizado por el aumento de los robos en Inglaterra. Se trata de los gemelos Jorge y Sergio Ramalheiro, expertos en defensa paramilita. pic.twitter.com/RqF0nLy4VO

— Ovación24 (@ovacion24) November 27, 2021

Со оглед на големиот интерес, настанот беше максимално обезбеден, поради што во прв план „скокнаа“ телохранителите на Роналдо, браќата близнаци Серхио и Хорхе Рамалхеиро.

Браќата одамна и се познати на јавноста бидејќи често се фотографираат со Кристијано и неговата избраничка Георгина Родригез, а според некои информации месечно заработуваат околу 800 илјади евра.

Како што претходно пишуваа медиумите, Серхио и Хорхе ѝ се приклучиле на војската веднаш по завршувањето на училиштето, а завршиле во единицата на специјалните сили наречена „командоси“. Во Португалија работеле и во полиција, каде што биле задолжени да ги чуваат судиите и политичарите.

Извор за португалските медиуми изјави: Серхио и Хорхе се облекуваат паметно и изгледаат многу нормално. Тие се способни да се вклопат во толпата, но брзо размислуваат, гледаат и дејствуваат во вистинскиот момент“.

Нивната мајка Леонилде се пошегува во извештајот од јуни 2004 година во националниот весник Correio da Manha:

Доаѓаат дома на секои две недели само за да си ја исперат облеката“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK