октомври 3, 2024

На 02.10.2024 во 16.40 часот во ОВР Гостивар, 35-годишник од Кичево пријавил дека бил измамен од едно лице од Гостивар за сума од 5.000 евра.

Според пријавеното, во јуни 2024 година тој отишол во продажен објект во Гостивар и од лицето побарал да купи одреден производ, но бидејќи моментално го немале производот, му оставил капар од 2.000 евра за што му била издадена потврда и се договориле во најбрз можен рок да го набави производот.

Како што е пријавено, лицето потоа му се јавило и побарало уште 3.000 евра, кои тој му ги дал преку друго лице. Според пријавеното, ниту му бил испорачан производот, ниту му биле вратени парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK