октомври 4, 2024

Тони Крос на крајот од минатата сезона се прости од Реал Мадрид и неговите навивачи, а недолго потоа се повлече од фудбалот по поразот на германија од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство.

Крос се враќа на „Сантијаго Бернабеу“, но само како гледач на утрешниот меч меѓу Реал и Виљареал.

Својот пензионерски статус го допре во подкаст со неговиот брат Феликс, во кој зборува за одлуката што ја донел и зад која стои, и покрај мислењата на многумина кои сепак би сакале да го видат во дресот на Реал.

„Одлуката е конечна. Мораме да ја прифатиме, нема смисла да се навраќаме на неа. Тоа што луѓето го велат е комплимент, но мора да се прилагодите на тоа и да продолжите понатаму“, рече тој и продолжи:

„Реал Мадрид продолжи и кога си замина Кристијано Роналдо и кога го напушти Серхио Рамос. Клубот се адаптираше и продолжи да победува. Без тие двајца, иако се апсолутни легенди и иако беа важни играчи, освоија две ЛШ. Истото ќе се случи сега“.

„Малку ми е чудно да ги гледам натпреварите на Реал, перспективата е поинаква. Се уште се чувствувам како да сум дел од тимот, не можам да го игнорирам тоа. Но, не чувствувам потреба да се вратам“, додаде тој.

Најтрофејниот (34) играч во историјата на германскиот фудбал, само со Реал освои 21 титула. Меѓу другите, со Реал, за кој настапуваше од 2014 до оваа година, пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а четири пати го освојуваше шпанското првенство.

The post Крос: Малку ми е чудно да ги гледам натпреварите на Реал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK