Незадоволен клиент на Твитер се пожалил на квалитетот на чорапите Лејди Б, сопственост на Лепа Брена.
Во споменатиот бренд пејачката вложила 300 илјади евра. Таа рече дека е револуционерен производ на нашиот пазар. Чорапите содржат златни наночестички и хијалуронска киселина, кои дополнително треба да ги негуваат женските нозе и стопала. Сепак, не се сите воодушевени.
„Lady B prop’o“, напишала твитерџија на фотографијата на која се гледаат искинатите хулахопки. Друг корисник смета дека должината е главниот виновник за искинати чорапи.
За потсетување, Лепа Брена неодамна стана хит на Твитер откако на урнебесен начин покажа колку се издржливи хулахопките Lady B. Имено, во нив таа стави ананас и потоа ги завртела наоколу.
Следете не, не има насекаде