октомври 5, 2024

Селекторот на Франција Дидие Дешамп не го повика Килијан Мбапе (25) за натпреварите од Лигата на нации против Израел на 10 октомври и Белгија на 14 октомври. Дешам изјави дека не сака да ризикува со напаѓачот на Реал Мадрид, кој во последно време има проблеми со повреди.

Пензионираниот француски дефанзивец Патрис Евра (43) го коментираше изоставувањето на Мбапе од списокот на репрезентативци во програмата на радио Монте Карло.

„Не е само Дешам, туку цела Франција му даде премногу на Мбапе. Сите го претворивте во легенда. Со сета почит што ја имам кон Мбапе, тој се уште не е на нивото на Карим Бензема“, смета Евра, кој забележа 81 настап за Франција, а освои 20 трофеи со Манчестер јунајтед и Јувентус.

Покрај тоа што играше за Монако, ПСЖ и Реал, Мбапе одигра одлични партии и за националниот тим. Тој има постигнато 48 гола на 86 настапи и го освои Светското првенство во 2018 година, Лигата на нации во 2021 година и играше во финалето на Светското првенство во 2022 година.

„Ако го повикате Мбапе и тој се повреди, ќе ги расипете односите со Флорентино Перез. Реал не е ПСЖ, не можете да ризикувате“, заклучи Евра.

Да потсетиме, Антоан Гризман, напаѓачот на Атлетико Мадрид и еден од најдобрите француски фудбалери стави крај на репрезентативната кариера.

The post Евра: Мбапе се уште не е на нивото на Бензема appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK