јули 3, 2024

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската денеска ќе имаат состанок на кој ќе се обидат да постигнат договор за дополнителни санкции против Русија и Иран и за доделување на уште две милијарди евра за испорака на оружје за Украина.

Министрите за надворешни работи ќе разговараат за деветтиот пакет санкции против Русија, според кој на листата на лица санкционирани од ЕУ треба да се вклучат уште речиси 200 луѓе и организации.

Тие, исто така, се очекува да разгледаат нови санкции против поединци и организации во Иран поради кршење на човековите права во задушувањето на протестите и поради испораката на дронови на Русија.

Дополнително, министрите за надворешни работи на ЕУ планираат да доделат дополнителни две милијарди евра за фондот, кој земјите-членки го користат за финансирање на испораките на оружје за Киев, но кој во голема мера е исцрпен по речиси 10 месеци војна.

Се очекува министрите да се договорат за испраќање цивилна мисија во Молдавија, која би можела да побара помош во кибер-одбраната, борбата против корупцијата или зајакнувањето на владеењето на правото.

Шефовите на европските дипломатии се очекува и да го отворат патот за тригодишна воена мисија во Нигер во која првично ќе бидат вклучени 50-100 војници и до 300 во подоцнежна фаза за да и помогнат на земјата да ја подобри својата логистика и инфраструктура. Се верува дека Нигер, една од најсиромашните земји во светот, е изложена на ризик од прелевање на насилството од соседно Мали, каде што исламистичките бунтовници зајакнаа по повлекувањето на француските и другите европски сили.

Пред состанокот, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат со своите колеги од Источното партнерство – Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија и Украина. ЕУ се обидува да ги стабилизира овие земји со оглед на руската војна во Украина. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK