По апсењето на синот на озогласениот мексикански крал на дрогата, Ел Чапо, тројца припадници на безбедносните сили се загинати во судирите во државата Синалоа.
Веднаш по информацијата за апсењето на Овиедо Гузман Лопез, бесните членови на неговата банда поставиле блокади на патишта, запалиле возила а нападат е и локалниот аеродром.
Поради сериозноста на сите аеродроми во оваа сојузна држава се откажани повеќе од сто летови, а денеска сите училишта ќе бидат затворени.
Гувернерот на државата претходно изјави дека осумнаесет лица биле примени во болница со повреди од огнено оружје а бројот на загинати кај приврзаниците на Ел Чапо се уште е непознат.
Размена на истрели меѓу безбедносните сили и членовите на бандата се слушале во текот на целиот ден.
Следете не, не има насекаде