ноември 21, 2024

– Во Делчево e отворена изложба на дела од Благој Милчевски, како прва самостојна изложба на роднокрајниот автор од делчевското село Ѕвегор. Во рамки на изложбата која е во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров” во наредните 10 дена ќе бидат изложени околу 30 негови дела.

– Благодарност за поддршката од присутните и до Центарот за култура кој ми овозможи да ја направам оваа изложба. Работам маслени и акрилни бои на платно. Се занимавам со сликарство околу две години и се надевам дека во иднина ќе имам уште вакви изложби, рече Милчевски.

Директорот на установата, Љупчо Петровски се заблагодари на како што рече ликовната фела од Делчево која ја поддржува работата на младиот автор.

– Сакам да го поздравам авторот, се гледа дека за сите негови дела е дадено се од себе. Се цртани со дух, со срце и наликуваат на вистински пејзажи од природата. Сигурен сум дека Благоја ќе прерасне во голем уметник, рече Петровски.

Стручниот соработник за ликовна дејност при Центарот за култура од Делчево, Александар Белогаски на авторот му посака уште повеќе дела, порачувајки дека младите треба да ги следат стапките на авторите како Благој Милчевски. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK