Со ѕвезди во рацете и пеење на коледарската песна „Вечниот Бог“ околу 800 деца од Охрид и Дебрца кои се дел од годинешната Бадникова литија утрово го најавија христовото раѓање . Манифестацијата која има десет годишна традиција по пауза од две години поради пандемијата со Ковид 19 е повторно возобновена.
Прекрасно е чувството на Бадник да се биде тука меѓу овие дечиња кои се дел од годинешната Бадникова литија која од година во година станува се помасовна и буди се поголем интерес кај младите . На овој начин тие стануваат посвесни за својата вера и традициите кои се негуваат за најголемиот христијански празник Божиќ.
По пауза од две години поради пандемијата со КОВИД 19, организаторот Здружението за грижа и воспитување на Деца од Охрид со поддршка на Општина Охрид годинава ја возобнови оваа манифестација. Годинава учествуваат 800 деца од Охрид и Дебрца. Тие со ѕвезди во рацете и пеење на коледарските песни од рано утрово го најавија раѓањето Христово. Оваа манифестација привлекува внимание од охриѓани и гостите од земјава и странство кои во празничниве денови ги имаме во голем број. Тие со позитивни впечатоци и импресии заминуваат од кај нас и затоа како локална власт и во иднина ќе го подржуваме овој настан.
Во рамки на Бадниковата литија, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, во Велгошти им доделија пакетчиња на децата учесници.
The post Со ѕвезди во рацете и пеење на коледарската песна „Вечниот Бог“ околу 800 деца од Охрид и Дебрца го најавија Христовото раѓање appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде