ноември 23, 2024
Полицијата вечерва околу 19 часот во близина на трговски центар на подрачје на Бит пазар во Скопје го лишиле од слобода Р.М. по добиена пријава дека извршил кражба.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.М. постапувајќи по претходна пријава дека околу 18 часот со закана со нож одзел пари од вработен во објект во истиот трговски центар.

Кај Р.М. се пронајдени ножот и парите и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во полициското соопштение.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK