ноември 24, 2024

На младоженци од Црна Гора и Србија бракот им траел само три часа откако семејствата се степале за патриотските песни кои се свиреле на венчавката. Свадбата ја направиле во Никшиќ, во парохискиот дом на Свети Василије, во Црна Гора, од каде бил младоженецот.

Иако пред венчавката сите се договориле да не се свират патриотски песни, сепак некои од гостите од страна на невестата кои пристигнале од Србија, го прекршиле ова правило. Проблемот настанал кога мајката на невестата ја нарачала „Ме роди мајка Србинка“.

Прв кој реагирал бил таткото на младоженецот, кој рекол дека се наоѓаат во Црна Гора и дека повеќе не смее да се свират српски патриотски песни. Свекорот уште повеќе се вознемирил кога мајката на невестата нарачала типати да се свири иста песна. Тогаш настанала турканици меѓу гостите.

Братот на невестата ја земал сестра си за рака и ја изнел надвор. Нешто подоцна таткото на младоженецот ги извлекол каблите од инструментите и ги обвинил музичарите дека тие се виновни, а тие му одговориле дека го свират она кое им било нарачуано од гостите.

Медиумите пренесоа и друга верзија на приказната. Во неа прв кој ја напуштил венчавката бил младоженецот. Тој си излегол откако друг гостин ја нарачал истата песна која ја побарала мајката на невестата. Излегол и повеќе не се вартил, оставајќи ја невестата да тагува и да мора да откаже сè.

Медиумите пренесоа и дека свадбарската торта останала недопрена и дека никој не пробал ниту едно парче.

The post Бракот на младоженци од Црна Гора и Србија им траел само три часа откако семејствата се скарале околу патриотските песни на венчавката appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK