јули 6, 2024

Романскиот министер за внатрешни работи Лусијан Боде испрати отворено писмо до својот австриски колега Герхард Карнер во кое го изразува својот „длабок гнев“ поради гласањето на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ против приклучувањето на Романија во Шенген зоната, пренесува романската агенција Аџерпрес.

„Ви пишувам за да ја изразам мојата длабока огорченост од вашето гласање, откако на 23 ноември во Виена, во присуство на нашите колеги, ме уверивте дека сте пријател на Романија и вашата позиција не е против Романија, туку против нефункционален систем, кој не треба да се прошири на ниту една земја“, истакна Лусиан Боде во писмото објавено на неговата Фејсбук страница.

Тој ја опиша одлуката како „нечесна, неправедна, без вистинско оправдување“ и ги сподели стравувањата дека ќе предизвика огромна штета на ниво на ЕУ и опасен преседан во сегашниот геополитички контекст. Лусијан Боде додава дека со ова гласање не се погазени само заслугите на Романија и нејзините граѓани, туку и вредностите и принципите на европско ниво.

„Сите земји-членки видоа како Австрија донесе произволна одлука, а аргументите изнесени на крајот од овој процес немаат врска со реалноста“, додава Боде. Тој потсетува дека на состанокот со неговиот австриски колега Карнер во февруари, добил гаранција за поддршка од Австрија.

„Се однесувавте кон Романците и Романија на нефер, дискриминаторски и нелогичен начин. Жал ми е што морам да ви кажам, но ваквото однесување и постапување не му одговара на ниту еден политичар од Европската Унија“, нагласува Боде.

Тој прецизира дека Романија останува цврсто и длабоко посветена на целта за приклучување кон Шенген зоната, и не само министерството што тој го води, туку и другите структури вклучени во процесот на пристапување, ќе продолжат да работат со иста решителност и непоколеблива доверба во европските вредности. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK