декември 24, 2024

Докторот Каран Раџ редовно споделува предупредувања за неочекувани здравствени проблеми и интересни факти за човечкото тело.

Последното видео покажува што може да се случи ако не го чистите папокот правилно и редовно.

Д-р Раџ објаснува дека ако не го исчистите папокот, внатре може да се насоберат сите видови нечистотии, вклучувајќи масло, мртви клетки од кожата, честички од ткаенина и се друго што се наоѓа наоколу.

Во папокот има преку 1.400 различни видови бактерии, а во некои варијанти може да има и повеќе од 2.500, покажа студијата на Универзитетот во Северна Каролина. Нечистотијата почесто се акумулира во папокот кога носиме нова облека како долна кошула, бидејќи ситните конци што паѓаат од новиот материјал се вовлекуваат во папокот.

За „подлабоко чистење“ на папокот потребен ви е памук. Темелно измијте го и исушете го папокот. Според лекарите, топлите влажни набори се идеална средина за развој на габи, поради што може да има печење, црвенило и непријатни мириси. Нанесете малку маслиново или кокосово масло внатре и оставете го да отстои 10 до 15 минути пред миење, ова е фантастична техника за правилно чистење на папокот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK