Маурисио Покетино успешно го започна мадатот на клупата на Соединетите Американски Држави.
САД ја совлада Панама со 2:0 во пријателски натпревар.
Поранешниот тренер на Тотенхем, ПСЖ и Челзи со овој меч официјално дебитираше на клупата на Америка.
Четата на Покетино до победата ја предводеа Јунус Муса и Рикардо Пепи, кои ги постигнаа головите.
„Многу добро чувство. Беше навистина тежок натпревар за нас. Малку по малку градиме нешто. Целта е 2026 година, но мислам дека сме среќни бидејќи бевме солидни, со многу професионални перформанси. Ова е само првиот чекор“, рече Покетино.
На Американците сега им претстои уште еден подготвителен дуел, против Мексико на 16 октомври.
The post Покетино со победа дебитираше на клупата на САД appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде