декември 24, 2024

За 11 минути се потроши џиновската пита пастрмајлија, која мајсторите од пекарата „Гемиџии“ од Велес, ја подготвуваа 6 часа. Од година во година џиновската пита на Питијадата во Велес е се со поголеми димензии, мајсторите велат најголема во Македонија.

Пред две години беше точно 4м. Лани 4,м10 м а годинава 4,20. За нејзина подготовка беа употребени 15кг брашно, 330 јајца и 40 кг месо. Ставивме и пастрма, сушено овчо месо, доста засолено, да се знае зошто е пастрамлија. Пастрмалијата ја донираме за хумантарани цели, ја подготвуваме за народот, за манифестацијата, да биде еден убав настан. Годинава ја работеа осум мајстори, 6-7 часа“ –кажа Александар Јамалов, сопственик на пекарата Гемиџии.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK