октомври 13, 2024

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва од 18 часот, во Ереван, против Ерманија ќе го одигра натпреварот од четвртото коло во Лигата на нации.

Македонија вечерва може да го обезбеди првото место во групата 4, во Ц-дивизијата во Лигата на нации.

За да биде реализирано ова сценарио Македонија треба да победи во Ереван и во исто време да нема победник на натпреварот меѓу Фарски Острови и Латвија. Но и доколку има победник на дуелот во Торшван, а Македонија ја победи ерменија, јасно е дека избраниците на Благоја Милевски ќе бида на чекор до освојувањето на првото место.

Првото место во групата носи и пласман во Б-дивизијата во Лигата на нации.

Вечерашниот натпревар ќе биде 15. меѓу двете репрезентации, Македонија има подобар биланс, седум победи, четири порази.

The post Македонија во Ереван, со победа ќе го обезбеди првото место во групата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK