декември 23, 2024

41-годишен жител на Куманово, кој очигледно не е многу бистар, вчераутро пријавил во полиција дека бил нападнат од жител на селото Бучинци, но полицијата го уапсила пријавувачот, бидејќи бил баран со потерница за издржување на затворска казна, соопшти МВР.

„На 12.10.2024 во 03.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од Куманово, со престој во Скопје, пријавил дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Т.Ѓ.(36) од село Бучинци, општина Илинден. При преземање мерки во врска со настанот, полициски службеници од Полициската станица Карпош констатирале дека И.Т. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна“, велат од МВР.

Тој бил уапсен и спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Куманово“ за издржување на казната.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK