Samsung претставува ексклузивна промоција која ќе ја направи есента посебна за сите оние на кои им е потребен мобилен уред за учење, работа или забава и ќе овозможи полесно и посреќно враќање во секојдневието по летните одмори. Со купување на избрани паметни телефони Galaxy ќе добиете неверојатни подароци кои дополнително ќе го збогатат вашето корисничко искуство.

Во центарот на оваа промоција се најновите телефони на преклоп од серијата Galaxy Z и премиум линијата на серијата Galaxy S. Без оглед на тоа кој телефон ќе го изберете, ќе ве воодушеви напредната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI, која овозможува нови начини на користење на мобилните телефони и носи освежување во секојдневните задачи.

Уживајте во секојдневието со Galaxy AI

Уредите Galaxy се дизајнирани се дизајнирани да го олеснат преминот од летниот ритам во секојдневниот живот и есента. Galaxy AI не е само надградба на основните функции на телефонот, туку е и револуционерна технологија на мобилна вештачка интелигенција која се прилагодува на вашите потреби. Со напредните функции како што се: Преведувач (Interpreter), Помош за белешки (Note Assist) и Пребарување со заокружување (Circle to Search), Galaxy AI ви овозможува полесно да ги следите работните задачи, да го организирате времето и да пристапите до информациите кои ви се потребни. Galaxy AI нуди нови начини на користење на мобилните телефони, кои ги олеснуваат секојдневните задачи и ја подобруваат продуктивноста.

Функцијата Преведувач (Interpreter), на пример, овозможува моментален превод на разговори, што е многу корисно во меѓународни деловни средини или на патувања. Функцијата Помош за белешки (Note Assist) во апликацијата Notes ја подобрува организацијата со автоматско креирање на резимеа и предлози за белешки, што овозможува побрзо и поефикасно запишување на мислите и идеите.

Со функцијата Помош за разговор (Chat Assist) можете да ги подобрите вашите социјални интеракции. Со Galaxy AI секогаш ќе бидете организирани и подготвени за нови предизвици, бидејќи оваа технологија ви овозможува да го искористите секој момент на најдобар можен начин.

Купете избран уред Galaxy и уживајте во фантастичен пакет подароци

Samsung најавува посебна промоција со која при купување на избрани паметни телефони Galaxy, ќе добиете неверојатни подароци кои дополнително ќе го збогатат вашето корисничко искуство.

Промоцијата нуди два различни пакети:
Со купување на телефонот Galaxy Z Fold6 или Galaxy S24 Ultra добивате фитнес нараквица Galaxy Fit3, безжични слушалки Galaxy Buds3 Pro и таблет Galaxy Tab A9+.

Со купување на телефонот Galaxy S24 FE, Galaxy S23, Galaxy S24, S24+ или Galaxy Z Flip6 добивате фитнес нараквица Galaxy Fit3 и безжични слушалки Galaxy Buds3 Pro.

Промоцијата трае од 14 октомври до 27 октомври 2024 година или до исцрпување на залихите на подароците. Повеќе информации за промоцијата и правилата можете да најдете на веб-страницата на Samsung.

Оваа промоција е совршена можност да го надградите вашето мобилно искуство и истовремено да добиете корисни и забавни подароци кои ќе ви помогнат во враќањето во секојдневната рутина.

За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.