На 15.10.2024 во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Штип, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети.
За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, отсекот за недозволена трговија до дрога при СВР Штип против него ќе поднесе соодветна пријава.
Следете не, не има насекаде