септември 23, 2024

 Капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси го освои признанието за најдобар фудбалер во 2022 година во традиционалниот годишен избор на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) со седиште во Цирих.

Меси, кој минатиот месец ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар, убедливо го понесе признанието на ИФФХС со 275 бодови, пред францускиот репрезентативец Килијан Мбапе (35 бодови) и неговиот сонародник Карим Бензема (30).

Претходната сезона за најдобар фудбалер во изборот на ИФФХС беше прогласен Полјакот Роберт Левандовски.

За најдобар голман е прогласен Тибо Куртоа (Белгија, 125 бодови), додека признанието за најдобар млад фудбалер му припадна на Џуд Белингем (Англија, 115).

Во другите категории, најдобар стрелец е Мбапе, додека Меси е најдобар стрелец во конкуренција на меѓународни натпревари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK