Педесет и осумгодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата кај него пронашла ловечка пушка за која немал дозвола.
– На 17.10.2024 година во 14.00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П. (58) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при претрес кај него извршен по судска наредба била пронајдена ловечка пушка без дозвола.
– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Следете не, не има насекаде