декември 22, 2024

Суспендирани се од работа двајцата здравствени работници – доктори-специјалисти кои на 3 октомври биле дежурни и извршиле преглед на 14-месечното девојче кое почина на 5 октомври, соопшти Клиниката за детски болести. Клиниката донесе одлука за времено отстранување на докторите и за формирање Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.

Лекарската комора денеска кажа нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор за лекувањето на 14-месечното девојче кое почина на Клиниката за детски болести и ќе чека решение од министерот за здравство за Арбен Таравари со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи.
ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ЧЕКА РЕШЕНИЕ ОД ТАРАВАРИ ДА КАЖЕ КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА СМРТТА НА 14-МЕСЕЧНОТО ДЕВОЈЧЕ, ТОЈ КАЖА ДЕКА ЧЕКА ОДГОВОРНОСТ ОД ДИРЕКТОРИТЕ НА ДВЕТЕ КЛИНИКИ
Девојчето почина на 5 октомври на Детската клиника откако претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во болницата „Козле“. Комисијата при Министерството за здравство на 14 октомври го објави извештајот од стручниот надзор во кој меѓудругото стои дека на Детска клиника при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на дететео, а во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.

ОЧЕКУВАМ МЕРКИ И ОДГОВОРНОСТ ОД ДИРЕКТОРИТЕ НА ДВЕТЕ КЛИНИКИ КАДЕ ДОКТОРИТЕ НАПРАВИЈА ПРЕВИД ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА 14-МЕСЕЧНОТО ДЕТЕ КОЕ ПОЧИНА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ
Таравари вчера кажа дека извештајот е испратен до двете клиники и до Лекарската комора, и додаде дека не е ниту судија, ниту обвинител, но дека очекува одговорност и мерки од директорите на двете клиники.

Б. НЕСТОРОСКА Сдк.Мк

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK