декември 22, 2024

Новак Ѓоковиќ истакнува дека се уште нема да се пензионира, иако признава дека му е се потешко да се мотивира.

Во интервју за аргентинскиот Ла Насион, Ѓоковиќ исто така беше запрашан што го мотивира по сето она што го помина во тенисот.

„Тоа е легитимно прашање. Длабоко во себе чувствувам дека можам да освојам повеќе Грен слем титули. Она што сè уште ме мотивира да се натпреварувам, особено на слемовите, е чувството дека сум кандидат за освојување на тие трофеи. Исто така, сакам да настапувам во Дејвис купот за Србија“, изјави Ѓоковиќ и додаде:

„Исто така, тенисот е сè уште најголемата платформа што ја имам за да правам некои други работи што ме интересираат, да ги споделам пораките што мислам дека треба, без разлика дали е тоа тенис, општеството како целина, некој деловен потфат што го имам или нешто што го гради моето наследство, мојот бренд. Сè уште чувствувам дека уживам во целиот процес и ми носи многу придобивки. Tогаш зошто да не продолжам?“

Новак е свесен дека многумина веруваат дека треба да се пензионира додека е на врвот.

„Велат, освои злато, освои сè, време е да кажеш „збогум“. Од друга страна, некои мислат дека треба да продолжам се додека мислам дека можам да бидам фаворит за грен слем титули. Јас сум поблизок со овие другите. Можеби ќе се предомислам, не знам, но засега се чувствувам како да сакам да продолжам. Уште колку? Сè потешко ми е да патувам и да пронајдам мотивација. Не е лесно, особено со децата, не сакам долго да отсуствувам од дома, но сепак имам нешто што ме води. Жал ми е за оние кои сакаат да се пензионирам, затоа што ќе мора да ме гледаат уште некое време“.

Ѓоковиќ во сабота ќе игра со Рафаел Надал на егзибиција во Ријад, а потоа треба да соопшти дали планира да игра на мастерсот Париз и завршниот Мастерс во Торино.

The post Ѓоковиќ нема намера да се пензионира appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK