Црвена звезда го победи раднички Ниш со 5:1 во 12.коло во Суперлигата на Србија. Хет-трик за актуелниот шампион на Србија, во првото полувреме, постигна Лука Илиќ, а во вториот дел два гола постигна Александар Катаи.
Александар Катаи со овоие два гола дојде до бројката 104 во Суперлигата на Србија со што стана најдобар стрелец во историјата на натпреварувањето.
Вкупно во дресот на Црвена звезда, Катаи има постигнато 116 голови, со што се изедначи со Дарко Панчево на седмото место на клупската вечна листа.
Ова е втор мандат на Катаи во клубот од стадионот „Рајко Митиќ“.
Прво играше од 2014 до 2016 година, пред да се врати во клубот во 2020 година по епизодите во Алавес, Чикаго и ЛА Галакси.
Со Црвена звезда освои пет титули во Суперлигата и четири трофеи во Купот на Србија.
The post (Видео) Катаи се изедначи со Панчев и испиша историја во српската Суперлига appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде