На светското клупско првенство кое ќе го организира ФИФА следната година, еден од учесниците, како што стојат работите, ќе биде Интер од Мајами, иако клубот со резултатите не избори пласман на клупскиот Мундијал.
Светското првенство за клубови следното лето ќе се игра во нов формат со дури 32 клуба. Во овој момент познати се 30 учесници, а се чекаат имињата на уште два клуба.
Еден од тие два клуба, речиси сигурно, ќе биде клубот за кој настапува првата ѕвезда на светскиот фудбал Лионел Меси, пишуваат странските медиуми.
Иако тимот од Флорида се уште го нема освоено првенството на САД, туку само го заврши регуларниот дел од сезоната во МЛС на првото место, ФИФА, според некои медиуми, веќе донела одлука да го повика Мајами на овој турнир.
Мајами ќе биде петтиот тим од зоната КОНКАКАФ на турнирот, заедно со Рајадос од Монтереј, Леон, Пачука (Мексико) и Сиетл Саундерс (САД).
Второто празно место ќе го пополни победникот на Копа Либертадорес за 2024 година.
Извесно е дека Мајами ќе добие специјална покана за натпреварувањето, тоа наскоро ќе биде и официјално, па љубителите на фудбалот ширум светот ќе имаат можност, покрај најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, да го гледаат и Меси во акција на тлото на САД, каде се одржува Светското клупско првенство.
Сите познати учесници на Светското клупско првенство на ФИФА:
Централна и Северна Америка: Рајадос Монтереј, Леон, Пачука (Мексико), Сиетл Саундерс (САД).
Јужна Америка: Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе (последен победник на Копа Либертадорес), Бока Јуниорс, Ривер Плата (историски пласман).
Европа: Челзи (победник на Лигата на шампионите 2021), Реал Мадрид (2022, 2024), Манчестер Сити (2023), Баерн, ПСЖ, Интер, Дортмунд, Порто, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус, Салцбург.
Азија: Ал Хилал (Саудиска Арабија), Урава Ред Дајмондс (Јапонија), Улсан (Јужна Кореја) и Ал Аин (победник на Азиската Лига на шампиони во 2024 година).
The post Интер со „вајлд кард“ ќе настапи на клупскиот Мундијал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде