декември 22, 2024

На 17 октомври 2024 година, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претреси на две локации во Скопје, при што открија значителна количина на оружје и муниција.

При претрес во домот на А.М. во Скопје, полицијата пронајде пет куршуми. На втората локација, во домот на Г.М. во Скопје, беа пронајдени 409 куршуми, една автоматска пушка со две рамки, еден револвер, три пиштоли и една ловна пушка.

По завршувањето на претресите, двете лица беа лишени од слобода. СВР Скопје – Единицата за недозволена трговија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО). Судот на двајцата осомничени им одреди по 30 дена притвор.

The post Полициска акција во Скопје запленето оружје и муниција, приведени две лица appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK