декември 23, 2024

Во ЕУ уште постојат земји членки кои не ги исполниле условите за еврото да стане платежно средство во рамки на нивните граници, но има и земји што одлучиле и натаму да ги користат домашните валути.

Зачленувањето во Европската Унија (ЕУ) и пристапувањето во еврозоната се два различни процеси. Влезот во ЕУ не значи по автоматизам и примена на еврото како домашна валута.

Во ЕУ уште постојат земји членки кои не ги исполниле условите за еврото да стане платежно средство во рамки на нивните граници, но има и земји што одлучиле и натаму да ги користат домашните валути.

Во Европа постојат и примери на држави кои не се дел од унијата, а во кои еврото е платежно средство. Во продолжение ви даваме преглед каде се применува еврото како валута и кои услови за тоа треба да бидат исполнети.

Мастришки критериуми

Европската унија предвидува пет услови познати како Мастришки критериуми, што секоја земја треба да ги исполни за да го користи еврото како домашна валута. Тие се усвоени во 1992 година.

Станува збор за инфлација не повисока од 1,5% од трите најдобри држави во Европската унија, низок буџетски дефицит до 3% од БДП, јавен долг до 60% од БДП, стабилен девизен курс и долгорочните каматни стапки на државните обврзници да не бидат повисоки од 2 отсто од тие во трите најдобри држави во ЕУ.

Хрватска од 1 јануари го користи еврото

Хрватска е дваесеттата држава во Европа која го користи еврото како домашна валута. Претходно Европската унија донесе одлука според која Хрватска може да стане дел од еврозоната. Хрватските граѓани можат да плаќаат во куни уште две недели по воведувањето на еврото, но кусурот го добиваат во евра.

Во кои земји од ЕУ се применува европската валута?

Најголем дел од земјите членки на ЕУ го применуваат еврото. Во моментов тоа се: Австрија, Белгија, Естонија, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија. Луксембург, Малта, Холандија, Луксембург, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Грција и Грчката Администрација на Јужен Кипар.

Пет членки на ЕУ освен Хрватска се уште не се дел од еврозоната. Главно поради тоа што не ги исполниле условите. Има и држави кои од свои причини не го вовеле еврото. Меѓу оние кои не ги исполниле условите се Чешка, Бугарија, Романија, Унгарија и Полска.

Шведска и Данска исто така не го користат еврото туку имаат свои валути. Граѓаните на Шведска во 2006 година на референдум се изјаснија против користење на еврото. Данска ја користи можноста една држава членка да биде исклучена од примената на некои договори во Европската унија. Затоа ја задржа својата валута.

Црна Гора преговара со ЕУ, но го користи еврото

Црна Гора е земја која ги има отворено преговорите со ЕУ. Таа во 1999 година го напушти динарот и прво ја користеше германската марка како платежно средство, а подоцна по нејзиното укинување премина кон еврото. Тогашната одлука на црногорските власти уште во заедницата Сојузна Република Југославија се одлучиле на ваков чекор за да ја избегнат големата инфлација која тогаш се случуваше во Србија.

Ова е овозможено со преќутна согласност на државите членки на ЕУ иако ECOFIN, тело ан ЕУ составено од министрите за финансии на членките, се спротивстави на едностраното воведување на еврото.

Дел од челниците на Европската централна банка ваквиот потег го објаснуваат со тезата дека еврото е глобална валута со која може да се тргува секаде, а тоа не е домашна валута на Црна Гора.

Црногорската Влада само одлучила прво да купи доволни количини германска марка, а потоа евро за да се вршат плаќања во Црна Гора со оваа валута. Непознато е дали ЕУ при зачленувањето на Црна Гора ќе побара од неа да воведе своја валута, па потоа да ги исполни критериумите за воведување на еврото.

Одлука на УНМИК за Косово

Слична е ситуацијата и со Косово. И оваа држава од 1999 година ја користи германската марка како платежно средство, а од 2002 година и еврото. Позадината на ваквата одлука се должи на високата инфлација на динарот во Србија и конфликтот на Косово во 1999 година.

Во 1999 УНМИК донел одлука за користење на странски валути на Косово иако динарот официјално никогаш не бил укинат. Косово е потенцијален кандидат за членство во ЕУ.

TRT Balkan Macedonia

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK