Книгата на принцот Хари насловена како „Резервен“, ќе биде достапна во книжарниците во Велика Британија следната недела, откако шпанската верзија на книгата случајно беше пуштена во продажба во Шпанија
Британскиот принц Хари во книгата со неговите мемоари која за читателите ќе биде достапна наскоро, откри дека убил 25 луѓе како пилот на хеликоптер „Апачи“ за време на неговата втора тура во Авганистан.
Книгата на принцот Хари насловена како „Резервен“, ќе биде достапна во книжарниците во Велика Британија следната недела, откако шпанската верзија на книгата случајно беше пуштена во продажба во Шпанија.
Војводата од Сасекс, кој се повлече од своите кралски должности и го напушти Обединетото Кралство со неговата сопруга Меган Маркл, летал за време на војната во Авганистан и неговите мисии резултирале со „одземање човечки животи“. Тој, според наводите, во книгата рекол дека не се гордее со убиствата, но ниту се срами од нив, зашто убиените, според него, биле „лоши“ кои се обиделе да убијат „добри луѓе“.
Принцот Хари не мислеше на 25-те убиени како на „луѓе“, туку како на „шаховски фигури“ кои биле извадени од таблата, според Телеграф, кој истакна дека добил копија од „Резервен“ на шпански.
Илјадници талибанци и милитанти поврзани со Ал Каеда беа убиени во војната во Авганистан заедно со илјадници цивили.
Принцот Хари служеше во Британската армија 10 години, издигнувајќи се до ранг на капетан и учествувајќи во две тури во Авганистан.
Во февруари 2008 година, британското Министерство за одбрана потврди дека принцот Хари служел со Армијата во Хелманд, Авганистан, „повеќе од два месеци“.
„Принцот Хари е многу горд што ѝ служел на својата земја во операции заедно со своите колеги војници и што ја вршел работата за која е обучен“, се вели во тогашното соопштение од „Кларенс хаус“, кралската резиденција во Лондон.
Принцот, исто така, според наводите, во својата автобиографија тврди дека неговиот брат, принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт, го охрабриле да се облече како нацистички војник со лента со свастика, инцидент што во 2005 година предизвика шокови низ Велика Британија.
Опишувајќи го настанот како најголема грешка во неговиот живот, принцот Хари во книгата вели дека Вилијам и Кејт му се смееле кога го виделе во таков костим.
AA
Следете не, не има насекаде