декември 22, 2024

Во последниот саботен натпревар од осмото коло на Премиер лигата, Борнмут на стадионот Виталити го победи Арсенал со 2:0 (0:0). Во овој момент само Манчестер сити остана единствениот тим во Премиер лигата без пораз.

Клучниот детал ово натпреварот се случи во 30.минута. Судијата Роберт Џонс беше повикан од ВАР-собата да го погледне видеото од ситуацијата во 29. минута кога му покажа жолт картон на Вилијам Салиба.

Судијата ја погледна снимката, го помишти жолтиот картон и му покажа црвен картон на Салиба Само пет минути подоцна Арсенал можеше да поведе, Микел Мерино имаше одлична можност, но беше непрецизен.

На крајот од првото полувреме најдобрата шанса ја имаше Маркус Таверние, но Раја го одбрани неговиот удар.

Борнмут започна поагресивно во вториот дел, имаше неколку шанси, но ниту Арсенал не беше безопасен. Габриел Мартинел имаше добра шанса по ударот од работ на шеснаесетникот, но овој пат Кепа Аризабалага одлично се снајде во својот гол.

За овој пропуст, казната стигна неполна минута подоцна, во 70. минута Рајан Кристи прерасна во херој на Борнмут кога мирно ја испрати топката во гредата за водство на својот тим.

А потоа седум минути подоцна домашните го решија прашањето околу победникот.Раја направи пенал врз Антоан Семењо судијата го виде тоа и покажа на белата точка.

Џастин Клајверт беше прецизен за 2:0.

Стрелците на головите за Бортнмут Кристи и Клајверт на теренот влегоа во 63.минута.

The post (Видео) Арсенал со играч помалку падна во Борнмут appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK