Фудбалерите на Интер Мајами го потврдија првото место на табелата на Источната конференција на МЛС лигата, откако во последното коло од натпреварувањето пред плеј-офот ја совладаа Њу Ингланд Револушн (6:2). Натпреварот го одбележа маестралната игра на Лионел Меси.
Аргентинецот влезе во игра во 58. минута и од 78. до 89. минута успеа да постигне хет-трик. Тоа му е второ во последните пет дена, откако неодамна постигна гол за репрезентацијата во победата над Боливија.
Њу Ингланд водеше со 2:0 на натпреварот, бидејќи Лука Лангони погоди во втората минута, а потоа и Дилан Бореро.
Сепак, на крајот од првото полувреме Луис Суарез постигна два гола и го доведе својот тим до израмнување – 2:2.
Интер поведе со голот на Бенџамин Кремачи, а потоа Меси со хет трик стави точка на натпреварот.
Меси оваа сезона го предводеше Интер Мајами до рекорден број на бодови за клубот – 74. Покрај тоа, сезонава забележа 20 гола и 10 асистенции на 19 одиграни натпревари.
Интер Мајами како првопласирана го прескокнува првото коло од плејофот, а во осминафиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Атланта и Монтреал.
The post (Видео) Меси продолжува да пишува историја – нов хет-трик за 11 минути appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде