октомври 21, 2024

Фудбалерите на Интер ја совладаа Рома на „Олимпико“ со 1:0 (0:0) во претпоследниот натпревар од 8. коло на италијанската Серија А.

Интер повторно одигра колку што треба и забележа уште една шампионска победа.

Рома, не успеа офанзивно да му одговори на актуелниот шампион на Италија, кој го реши мечот по еден час игра.

Победникот го реши Лаутаро Мартинез, кој со малку среќа го погоди голот на Рома. Римјаните потоа немаа одговор, а од поубедлив пораз ги спаси голманот Миле кој успеа да одбрани две добри шанси во кои се најде Дензел Дамфрис.

Интер е повторно втор на табелата, со 17 бодови, два помалку од лидерот Наполи и еден повеќе од Јувентус.

Рома остана на 10. позиција со исто толку освоени бодови.

The post (Видео) Интер ја победи Рома – Лаутаро го реши дербито на „Олимпико“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK