април 16, 2026

Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по денешните дојави за бомби. Петрушевска ги повика властите да си поднесат оставки поради постојаните дојави за бомби и неспособноста за пронаоѓање на лицата или лицето и расчитување на случаите.

-Имате ли памет, бре. Девет средни училишта, трговски центар, Џевахир сити. Три месеци не’ малтретирате со вашата неспособност, дојави за бомби. Побарајте помош од странски служби, од било каде и дадете си оставки. Ова е ненормална работа што вие се правите.

Весна Петрушевска: Имате ли памет бре, три месеци не’ малтретирате со вашата неспособност, дајте си оставки

Колку сте вие неодговорни, неписмени и недоветни. Луѓе се во прашање, деца. Секое дете оди под стрес кога оди на училиште поради дојави за бомби. Три згради се симнавме долу, не знаете колку е тоа одвратно и страшно, со сирени, стари луѓе кои не можат да одат, не можат да се симнат. Не смеете лифт да употребите. Важно има секој ден дојава за бомба, а вие ништо не правите. Можеби и правите, не знам, ама не ве гледам дека правите. И дајте си оставки нека дојдат некои кои повеќе знаат, порача Петрушевска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK