На 24.10.2024 во 05.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(29) од с.Арачиново, скопско. Тој се сомничи дека денеска околу 05.30 часот во казино во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, со употреба на сила над вработениот, одзел пари од касата. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Лишен од слобода разбојник, со употреба на сила над вработени во казино одзел пари од касата appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде