На 82-годишна возраст, во Охрид почина познатиот пејач и композитор Кирил Мицковски.
Важеше за посветен учител, но и риболовец и ловец. Песната го одбележа неговиот живот, а публиката го памети по „Охрид, бисер македонски“, „Гори Балкан“, „По меани одам“, „Ти лично моме“, „Дебрцо, ти си борбена“ и многу друго.
Мицковски беше погребан денеска на Градските гробишта во Охрид.
Следете не, не има насекаде