СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од селото Велмеј, општина Дебрца, и З.Ж.(59) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“. С.Г. во 2023 година, тогашен директор на јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Галичица“ Охрид, дозволил сеча на дрвна маса во шумско стопанската единица „Буково“ иако знаел дека таа активност не стои во планот за сеча во тековната година.
Второпријавениот З.Ж. како тогашен самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми во истото јавно претпријатие, со свесно неизвршување на должните службени обврски и невршење должен надзор, дозволил и одобрил сеча на дрвна маса во истата шумската единица „Буково“.
Со тоа, пријавените, на јавното претпријатие му предизвикале материјална штета од 827.576,66 денари
Следете не, не има насекаде