декември 24, 2024

На 26.10.2024 од отворено одделение Велес при Казнено поправна установа Затвор-Идризово, било пријавено дека околу 17 часот при преглед на А.С.(34) од Велес, осудено лице кое издржувало мерка во установата, биле пронајдени дигитална вага, пакување со жолта прашкаста материја и два мобилни телефони, кои од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес биле одземени.

Од страна на полициски службеници од затворска полиција, А.С. бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор-Идризово за доиздржување на казната.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, казниво по чл. 215 од КЗ.

The post Затвореник од “Идризово” со него имал прашкаста материја, вага и два телефони appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK