„Можам да потврдам дека Турската амбасада побара да го користиме овој изговор во нашите комуникации. Ова е промена, која, како и секогаш, е одобрена од американскиот Одбор за географски имиња“
Американскиот Стејт департмент официјално почна да го користи називот „Туркије“ наместо „Турција“ во формалните, дипломатските и билатералните контакти, соопшти портпаролот Нед Прајс.
Прајс на брифинг рече дека чекорот е финализиран и ставен во практика вчераутро.
„Можам да потврдам дека Турската амбасада побара да го користиме овој изговор во нашите комуникации. Ова е промена, која, како и секогаш, е одобрена од американскиот Одбор за географски имиња“, рече Прајс.
„Она што можам да ви го кажам е дека Одборот за географски називи ги задржа и „Турција“ и „Република Турција“ како конвенционални имиња, бидејќи тие нашироко се користат и разбираат од американската јавност.
„Стејт департментот ќе го користи правописот (Türkiye) што го видовте денеска во нашиот формален дипломатски и билатерален контекст, вклучително и во јавните комуникации, но конвенционалното име, може, исто така, да се користи доколку се користи за подобро и пошироко информирање на јавноста“, додаде тој.
Називот „Türkiye“ првпат беше одобрен и спроведен во практика од Обединетите нации (ОН) на 1 јуни минатата година.
Исто така, „Made in Turkey“ е променето во „Made in Türkiye“, додека турската Дирекција за комуникации започна кампања „Hello, Türkiye“ за да го промовира називот на глобално ниво.
Следете не, не има насекаде