декември 23, 2024

Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места. Нема повредени лица, иако дел од гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.

– Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран дел од летната тераса е зафатен не е дозволено пожарот да се префрли на собите, има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се префрли на хотелот, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.

Во близина на комплексот се наоѓа женскиот манастир кој не бил зафатен од пожарот.

Екипи на ТППЕ Берово дежураа на местото на избувнатиот пожар и во текот на ноќта.

Повеќе детали околу причините за избувнувањето на пожарот се најавени за денеска.

The post Пожарот во комплексот „Манастир“ најверојатно бил од скарата appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK