Рома, синоќа на „Артемио Франки, доживеа тежок пораз од Фиорентија (5:1). Според италијанските медиуми овој пораз му ја запечати судбината на тренерот Иван Јуриќ.
Јуриќ пред 40 дена ја презеде Рома, но не успеа да ги поправи работите. „Кориере дело Спорт“, тврди дека Јуриќ ќе добие отказ не само поради дебаклот во Фиренца, туку и поради онашто се случило во соблекувалната на Рома на стадионот „Артемио Франки“.
Имено, се наведува дека Јуриќ физички се пресметал со стоперот Џанлука Манчини, еден од поискусните играчи во тимот.
Манчини беше заменет во полувремето, а додека Јуриќ му го соопштувал ова во соблекувалната, накпдвин дошло до вербална, а потоа и до физичка пресметка, засега не се познати повеќе детали, но ситуацијата дефинитивно не е добра и „најдебелиот крај“ би можел да го извлече Јуриќ.
„Тотален колапс на Рома. Хрватскиот тренер е под голема закана од отказ. Поинаков исход не е можен кога ќе се погледне каде е Рома во Италија и Европа“, пишува „Газета дело спорт“.
Се посочува дека авионот на сопственикот на клубот Фридкин моментално се наоѓа во Њујорк каде на одмор е Даниеле де Роси кој се уште е под договор со Рома.
The post Тренерот Јуриќ физички се пресметал со Џанлука Манчини appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде