декември 23, 2024

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АВСТРАЛИЈА

ОДРЖАН 12-ТИ ФЕСТИВАЛ НА МАКЕДОНСКА ХРАНА

27 октомври 2024 година, Мелбурн, Австралија – Во организација на MACO Macedonian Australian Community Organization денес во Paisley Park, Altona North, се одржа традиционалниот 12-ти Фестивал на македонска храна.

Фестивалот на македонска храна се одржува од 2012 година.

На повеќе штандови се нудеа најразновидни македонски јадења и пиење, како и македонски сувенири.

На фестивалот настапија повеќе македонски групи и интерпретатори Татјана и Новица, Тиана, Петар, и Вера Трајкоска, како и повеќе македонски културно-уметнички друштва од Мелбурн: КУД “Александар Македонски”, КУД “Илинден”, КУД “Гоце Делчев”, КУД “Јане Сандански” и “КУД “Светлост”.

Спонзори на Фестивалот на македонска храна во Алтона Норт беа Sheldon reception, URBAN, Lighting up, Jeeta и други.

Денот беше исполнет со многу интересни содржини, доживувањата и овојпат останаа незаборавни.

Традицијата продолжува, спомените остануваат, македонската култура и корени не се забораваат!

Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки до организаторот и сите учесници на Фестивалот. За многаја лета!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK