декември 23, 2024

Фудбалерот на Манчестер сити и шпанската репрезентација Родри ја освои Златната топка на гала вечерта во Париз, во организација на УЕФА, „Франс Фудбал“ и „Лекип“. Родри не сакаше да ја прими наградата на патерици, успеа да се одржи на нозе. Тој е првиот Шпанец од 1960 година кој ја добил оваа награда. Зад Родри се најдоа тројца играчи на Реал: Винисиус Жуниор, Дани Карвахал и Џуд Белингем.

Родри е централен играч за врска на Сити и на шпанската репрезентација која ја предводеше до титулата европски првак. Во сезоната 2023/2024. одигра 50 клупски натпревари, на кои постигна девет и асистираше за 14 гола, додека на ЕП беше прогласен за најкорисен играч. Со Сити ја освои Премиер лигата, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.

Ова е трет пат во историјата најдобар фудбалер да се избира според резултатите во текот на сезоната, а не годината. Оваа награда важи за календарскиот период од 1. август 2023 година до 31. јуни 2024 година.

Гала вечерта ја обележа и скандалот кој го приреди првиот човек на Реал, Флорентино Перез. Откако дознал дека Златната топка нема да ја освои Винисиус Жуниор ја вратил 50.члената делегација од аеродрмото во Мадрид.

Во Реал, како што пишува „Марка“, биле „крајно разочарани и лути“. Реал смета дека е неправедно нивниот крилен играч да не ја добие најголемата фудбалска чест.

Неофицијалниот став на клубот е дека Златната топка за нив „веќе не постои и нема вредност“, па ќе се фокусираат на тимските цели. Да потсетиме, овој шок дојде кај Реал откако на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ загуби со 0:4 од Барселона во 11. коло од Ла Лига.

Исто така клупската телевизија го откажа петчасовното шоу и преносот на церемонијата за доделување на Златната топка.

The post Родри ја освои Златната топка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK